Архитектура и градба - категорија

жалузии повеќе

Вид збор: Именка, множина
Ролетни, капаци на прозорец или врата за регулирање на светлината и воздухот.
Англиски: blind Француски: jalousie
Примери:
хоризонтални жалузии

жандармерија повеќе

мн. жандармерии
Вид збор: Именка, женски род
Управна зграда на жандармерија.
Француски: gendarmerie Албански: xhandarmeri
Примери:
Тој беше приведен во жандармеријата.

желница повеќе

мн. желници
Вид збор: Именка, женски род
Летва што ги држи ќерамидите на куќата.
Англиски: grid Албански: hatëll, qepër
Примери:
Желниците на куќата беа накривени од тежината на снегот.

живеалиште повеќе

мн. живеалишта
Вид збор: Именка, среден род
Дом за живеење, куќа, зграда.
Англиски: dwelling Албански: banes, vendbanim
Примери:
Тој направи најубаво живеалиште на брегот.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш